Дневен хороскоп за 9 август: Важно е правилно да ја канализирате енергијата

дневен хороскоп
Илустрација: СП. / Фото: NASA, RawPixel

Ви го претставуваме дневниот хороскоп за 9 август, погледнете што ви предвидуваат ѕвездите за денеска.

Овен

Сакате да ги потврдите своите способности пред колегите, но не можете да се одлучите за најдоброто решение. Во љубовната врска добро се знае која е чија улога. Натерајте го вашиот партнер да ги исполни вашите очекувања. Бидете категорични. Треба да акумулирате позитивна енергија.

Бик

Треба да се договорите со соработниците за почитување на различни деловни интереси, искористете ги вашите дипломатски манири. Некој бара од вас емотивно зближување, но има компликации кои ве забавуваат. Важно е да имате добра идеја и силна волја. Охрабрете се и кажете што ви лежи на душа.

Близнаци

Избегнувајте прекумерно зближување со вашите соработници затоа што така нема да ги постигнете резултатите кои ги очекувате од нив. Не ја преминувајте границата што го дели приватното од професионалното. Забележувате дека вашиот партнер итро и вешто ги игнорира вашите идеи. Но не можете да влијаете на нечија волја и одлуки.

Рак

Имате можност да ги тестирате вашите интелектуални или практични способности, направете сè што е во ваша моќ за да оставите добар впечаток. Сфаќате дека не можете да добиете сè што посакувате од вашиот партнер, но сè уште не знаете како да уживате во она што го имате. Прекумерната грижа лошо влијае на вашата концентрација.

Лав

Доколку сте во чувствителна фаза, оставете ги колегите да се занимаваат со покомплицирани задачи кои бараат многу труд. Во емотивната врска постои граница на меѓусебна почит, но саканата личност покажува прекумерно самоволие. Разговарајте за работите што ве мачат.

Девица

Се наоѓате во необична деловна ситуација. Многу од прашањата што ги имате засега остануваат незадоволително одговорени. Не дозволувајте сомнежот кон вашата сакана или лошото расположение да преовладува во вас. Потребна ви е позитивна мисла. Нема потреба да се оптоварувате со напорни обврски.

Вага

Пофалбите што ги добивате од вашите соработници се охрабрувачки и обврзувачки. Потребен ви е подобар избор на деловни контакти. Обрнете доволно внимание на една блиска личност. Нема причина да претрпите „емоционален пораз“ и да се залажувате со лажни надежи. Избегнувајте ситуации кои ве вознемируваат психички.

Скорпија

Треба да преземете активна улога или да се ориентирате кон попрактични решенија. Тоа ќе покаже дека успехот е на ваша страна. Делувате задоволно и инспиративно, добивате емоционална поддршка од личност која има важно место во вашиот живот. Направете нешто корисно како поддршка за подобар изглед и подобро расположение.

Стрелец

Чувствувате премногу притисок на работа. Некој од вашите колеги или претпоставени се обидува да ви го наметне своето мислење. Избегнувајте предизвици кои можат да ви наштетат. Во врска со саканата личност, користете го „проверениот рецепт“ за емотивно зближување. Ќе успеете да го убедите партнерот за нешто што многу ви значи.

Јарец

Бидете мудри и прифатете нечиј совет за да спречите дополнителни компликации. Вашите колеги не се ни трудат да ги разберат вашите идеи. Не очајувајте. Некој не ги исполнува вашите емоционални очекувања, но вие сте толерантни и имате разбирање. Ќе ви годи подолга вечерна прошетка.

Водолија

Не заборавајте дека секогаш треба да ги штитите вашите деловни интереси. Поставете граница до која сте спремни да преземете деловна одговорност. Одредени „ситници“ понекогаш се клучни во решавање на мозаикот. Повнимателно анализирајте ја саканата личност доколку се сомневате во нејзините намери.

Риби

Конфликтот во справувањето со деловните интереси создава дополнителна тензија во односите со соработниците, бидете доволно внимателни. Испланирајте романтична забава за двајца. Ве очекува мистериозна вечер која позитивно ќе влијае на вашето расположение и мотивација. Важно е правилно да ја канализирате енергијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот