Дневен хороскоп за 30 август: Некој план сепак мора да постои

дневен хороскоп

Ви го претставуваме дневниот хороскоп за 30 август, погледнете што ви предвидуваат ѕвездите за денес.

Овен

Колегите имаат доста простор за напредок, но тие тоа не го согледуваат. Доаѓате во конфликт со
претпоставените и тоа тешко ќе го поднесете. Ви недостига топлина, но тоа сега никој не може да
ви ја пружи. Направивте некоја грешка што не може лесно да се исправи. Потребно е време за тоа.

Бик

Стратегијата што е ефикасна не треба да се менува сè додека дава резултати. Шефовите не се
задоволни со вашите работни задачи, потрудете се тоа да биде многу подобро. Саканата личност
не ги поддржува вашите одлуки што се однесуваат на вашата кариера. Мора да најдете начин да
ги ускладите приватниот и работниот живот.

Близнаци

Однесувајте се онака како што се чувствувате, но пред другите понекогаш мора да играте и улога
која и не ви е баш драга. Тој период кратко ќе трае. Забележувате некои нови личности во своја
близина, но не знаете на кој начин да им пријдете, а да не излезете нападни.

Рак

Доколку сметате дека не можете да постигнете она што шефовите го бараат од вас, можеби е
подобро со некого да ги поделите работните обврски, или едноставно да ја оставите работата на
оние кои знаат тоа да го работат подобро од вас. Не сте навикнати на толку емотивни изливи од
партнерот, но се сомневате дека нешто се крие позади сето тоа.

Лав

Колегите ви префрлаат дека премногу сте сериозни, но кога се обидувате да бидете шеговити и
духовити имате чувство како никој да нема смисла за хумор. Сигурни сте во својата љубов, но
никогаш не можете точно да знаете што чувствува другата страна.

Девица

Договарате некои работни состаноци, од некои очекувате доста, од некои не. Но тек кога ќе
поминат состаноците ќе знаете на што сте и дали има некои шанси за некој нов проект. Потребно
ви е добро да размислите за својот љубовен живот и сè што е потребно да се смени, но не мора да
брзате, но некој план сепак мора да постои.

Вага

Не сте навикнати да бидете главни на работа, но не би било лошо да се пробате во оваа улога.
Доколку не ви лежи, секогаш можете да се вратите на старото работно место. Просто не знаете со
што заслуживте баш вие да бидете толку среќни во љубовта, но не сакате ништо да менувате.

Скорпија

Од рано утро се будите со главоболка и расположени сте за кавга со секој кој има различно
мислење од вашето. Едвај чекате да заврши денешниот работен ден. Нема рецепт да го поправите
односот со саканата личност, мора да најдете компромис, а тоа не сакате да го прифатите.
Мислите само на себе и на своите чувства.

Стрелец

За успех се потребни две страни на заслуга доколку не сакате да се чувствувате љубоморни, но
исто така не сакате да се чувствувате горди на своето знаење. Не правете отстапки за оние кои не
планираат да ве ценат поради тоа, тоа не е фер од нивна страна.

Јарец

Слаби сте на личностите кои претставуваат авторитет и не знаете на кој начин да им се
спротивставите. Сепак, кога ќе се обидете да им одговорите ќе видите дека тоа и не е толку
страшно колку што изгледа. Саканата личност има доста забелешки на вашето однесување во
јавноста, иако на никој не му е јасно во што грешите.

Водолија

Не сте доволно расположени да се расправате со колегите денес, но доколку тие инсистираат на
тоа, потрудете се да им објаснете во што грешите. Доколку има простор и време, направете малку
забава во својата куќа, за мало и одбрано друштво и добро забавувајте се.

Риби

Не покажувате доволно разбирање за колегите и не ве интересира многу за да им помогнете,
затоа што и самите знаете колку ви било вам тешко на почетокот. Саканата личност не ги покажува
често своите емоции и не ви докажува дека се бори за вашето внимание и афинитети.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот