Дневен хороскоп за 11 ноември: Зауздајте ги вашите барања и желби

img alt
Што ни предвидуваат ѕвездите за денес? Илустрација: СП. / Фото: NASA, RawPixel

Ви го претставуваме дневниот хороскоп за 11 ноември, погледнете што ви предвидуваат ѕвездите за денеска.

Овен

Обидете се да се дистанцирате од лице кое повторува ви кажува погрешна приказна. Сè што правите со позитивна тенденција, остава добар впечаток на соработниците и ја потврдува вашата афирмативна улога во заеднички договор. Направете повеќе од вообичаеното, за да оставите посебен впечаток и да ја освоите личноста која ви значи.

Бик

Ве очекуваат пријатни промени во односот со партнерот. Саканата личност знае лесно да ве поттикне на позитивна реакција или на силни изливи на емоции. Водите активен живот и сакате да се појавувате на јавни места. Сакате нови и необични емотивни контакти. Понекогаш дури и сами преземате иницијатива.

Близнаци

Задржете ги самодовербата и оптимизмот. Не можете да очекувате некој целосно да ја прифати вашата визија, ако не давате добар пример. Љубовниот компромис претставува добро решение, под услов максимално да го здобиете вниманието на партнерот. Но, вие секогаш изгледате сомнително и нескромно, затоа не треба да ве чуди исходот.

Рак

Избегнувајте претерано експонирање во друштво на соработниците и не зборувајте за работи кои претставуваат потенцијална опасност за вашите деловно-финансиски интереси. Секогаш постои фактор на промени и изненадувања. Нема потреба наивно да ги проценувате можностите на партнерот или премногу да се занесувате со  проценки.

Лaв

Непрекинато го анализирате својот однос со саканата личност и сакате да одгатнете разни дилеми. Ве очекува пријатен ден исполнет со емоции и нежности со саканата личност. Не го расипувајте убавиот однос, за подоцна да не зажалите. Едноставно, опуштете се и препуштете се на убавите моменти.

Девица

Ќе имате многу среќа на деловно поле. Ве очекува можност да остварите позитивни промени. Ќе бидете подготвени некому да дадете безрезервна поддршка, но од друга страна не смеете да се запоставите себе и своето здравје. Во љубовта ќе бидете збунети затоа што партнерот се сомнева во вашите емоции, а вие се трудите повеќе од кога и да е.

Вага

Партнерот е чувствителен, па потрудете се да бидете нежни. Треба да ја контролирате својата потреба за доминација. Ако тоа не го направите денес лесно ќе влезете во непотребна расправија со најблиските. Поради емотивната несигурност имате потреба да го проверите својот партнер, дури и да го демнете!

Скорпија

Добро се чувствувате и ја разменувате позитивната енергија со партнерот. Кога нешто ќе наумите, умеете и да бидете агресивни, па и на емотивен план. Ќе сфатите дека непотребно сте биле љубоморни. Обидете се да се дистанцирате, зашто само така ќе ги одбегнете опасностите што ве демнат.

Стрелец

Уживате во докажување на сопствените вредности, но обидете се да не претерате. Не ви пречи големиот напор, ниту бавноста со која се одвиваат настаните. Стабилни сте, знаете што сакате и доаѓате до целта. Осцилациите во расположението се карактеристични за вас.

Јарец

Слушнете го својот внатрешен глас, кој јасно ви говори што е пожелно да направите за да ги олесните проблемите и да функционирате на најдобар начин. Без разлика на сѐ, денот ќе биде добар, под услов да не инсистирате на работи кои се невозможни за реализирање. Зауздајте ги вашите барања и желби.

Водолија

Многу иницијатива, ентузијазам, брзина во завршувањето на работите, но само оние кои ви го стимулираат интелектот и размислувањето, комбинаториката, реализација на некакви замисли кои не бараат долгорочност, но и такви за кои вие сте мислеле дека се долгорочни, а ќе ги завршите за екстра пократко време.

Риби

Ќе имате променлив ден, а расположението и емоциите можат бргу да се менуваат. Всушност, можеби ќе се чувствувате на еден начин, а ќе се манифестирате на друг па најдобро е вистинските емоции и чувства да не ги покажувате, барем не премногу јавно. Од друга страна сѐ што правите, ќе го правите на конспиративен начин.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот