Дневен хороскоп за 10 јануари: Бидете фер и почитувајте ги потребите на другите луѓе

дневен хороскоп
Илустрација: СП. / Фото: NASA, RawPixel

Овен

На емотивно поле, веројатно е искушението да ги играте игрите во кои се преправате. Пресечете го тоа со мудро молчење и истрајте во исправниот став. Вашите деловни обврски ќе ви изгледаат тешки или збунувачки. Ќе ви недостасува енергија и концентрација. Здравје и совет: Добро би дошло малку повеќе сон.

Бик

Се чувствувате многу празно. Можеби сте завршиле важни задачи овие денови, па мислевте дека овој ден ќе биде спектакуларно радосен. Задоволството изостанува поради наглото опаѓање на адреналинот. За да се вратите во „нормала“, веднаш смислете нови цели.

Близнаци

Љубовниот живот е во центарот на вниманието. Вашиот партнер долго време е во сенка, ги трпеше вашите професионални напори и проблемите кои дојдоа со тоа. Време е тоа да му го надоместите, особено на крајот од денот кога ќе му биде потребна вашата поддршка.

Рак

За да постигнете некои поголеми цели, ќе мора да жртвувате нешто, а тоа може да биде поврзано со вашиот љубовен живот. Имагинативни сте, сестрани и полни со идеи, па големи се шансите да успеете во сите намери, но, се советува да се обидете да не се пазарите со емоциите.

Лав

На почетокот нешто не ви се допаднало, не било по ваша волја, а потоа кога работите тргнале како што сакавте, сте го изгубиле интересот. Се соочувате со луѓе кои не го разбираат вашето променливо расположение, не знаат како да ве задоволат. Бидете фер и почитувајте ги потребите на другите луѓе.

Девица

Имагинативни сте, сестрани и полни со идеи. Доброто расположение може, накратко, да ви го расипе необичен телефонски повик што не го очекувате. Вестите што ќе ги слушнете ќе бидат чудни, а вам не ви преостанува ништо друго освен да сослушате и што е можно побрзо да заборавите.

Вага

На деловно поле, начинот на кој некому ќе може да помогнете е навистина исклучителен. Не очекувајте ништо конвенционално. Сите ситни работи кои денеска ги извршувате, ќе успеете да ги завршите со помош на вашиот шарм. Други ќе ви помогнат понесени од вашиот шарм и љубезност.

Скорпија

Поволен ден за истражување и учење. Извесно е и тоа дека ќе добиете понуда да се приклучите на некоја хуманитарна организација каде што во целост би се покажале, бидејќи вашата комуникативност и убедливост е скапоцена за таа работа. Ќе помогнете на многу луѓе.

Стрелец

Поради нагласената променливост на расположението, премногу сте чувствителни поради што може и онака климавата љубовна врска да ја доведето во големо искушение. Во дното на срцето сѐ уште чувате силни спомени од далечното минато, па сеќавањето на пропадната голема љубов ја нарушува новата.

Јарец

На деловно поле, денот е обележан со напнати транзити кои навестуваат и укажуваат на стресни ситуации од кои нема лесно да се извлечете. На емотивно поле, нетрпеливоста сведете ја на минимум за да избегнете поголеми неволји, особено кога станува збор за партнерските односи и љубовта.

Водолија

Имате можност да научите како од секоја лоша работа произлегува некоја добра. Проблемот со вашата моментална ситуација е недостатокот на поддршка на која сметавте. Можеби е вистинско време да размислите што сакате, да ви ласкаат или искрено да ве критикуваат.

Риби

Соочени сте со дисбаланс помеѓу она што го знаете рационално и она што го чувствувате интуитивно. Се двоумите, премногу е луцидно да донесете важна одлука само врз основа на чувствата, без начин да го докажете тоа. Не се правдајте пред никого, вашиот суд е непогрешлив.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот