ДКСК отвори предмет за случувањата во М-НАВ

ДКСК

Државната комисија за спречување корупција има отворено предмет по допрен глас од медиуми за случувањата во М-НАВ, настан во кој е „вмешан“ и владиниот Генерален секретар Драги Рашковски. Од ДКСК на денешниот брифинг со новинарите известија дека веќе испратила барање до М-НАВ да добијат увид во тендерската документација.

Писмено барање е пратено и до Владата од која е побарано писмено објаснување во кое својство генералниот секретар Драги Рашковски бил вклучен во посредувањето за договарањето на тендерот.

Се истражува сомнежот што се појави во јавноста дека Драги Рашковски учествувал на тендер за набавка на опрема за радарскиот систем на М-НАВ, кој требало да го добие италијанската компанија „Леонардо”, како и за јавните обвинувања за аудио – снимка снимена во неговата канцеларија.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот