„Dirty Dancing“ и донесе огромна слава, но со овој потег уништи се! (ФОТО)

Фото: Профимедиа

Кога во 1987 година со Патрик Свејзи (57) го сними филмот „Валкан танц“, Џенифер Греј (59) стана најжешката девојка на Холивуд.

Иако не била совршена како останатите холивудски актерки кои со операции ги доведуваа своите лица до перфекции, Џенифер баш поради тоа ја обожаваа.

Фото: Профимедиа

Меѓутоа, тинејџерката Бејби која сте ја сакале пред повеќе од 32 години одлучила да го уништи тоа поради кои се издвојуваше од останатите на аудицијата за „Валкан танц“. Таа сакала да има поубав нос, па двапати направила операција. Со тоа засекогаш ја запечати својата холивудска кариера.

 

View this post on Instagram

 

happy birthday to the divine @poppydelevingne love you!!!!

A post shared by Jennifer Grey (@jennifer_grey) on

Нејзината несовршеност ја правела препознатлива и особено неодолива. Одлуката да направи естетска хирургија и ја уништи славата и успехот засекогаш. Операцијата ја направила на почетокот на 90 – те години, а резултатот бил тоа што едвај ја препознавале пријателите, а камо ли пак обожавателите.

Холивуд, одеднаш не бил веќе заинтересиран за слатката девојка која одлично танцува, а Џенифер година дена подоцна го опишала искуството со операциите.

 

View this post on Instagram

 

I❤️NY

A post shared by Jennifer Grey (@jennifer_grey) on

– Влегов во операционата сала како ѕвезда, а излегов како анонимка – рекла таа во една прилика и признавајќи дека губењето на славата и популарноста за неа бил трауматичен.

Во очај таа размислувала да го промени името и со новото име да започне кариера, но на крајот сепак се предомислила.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот