Динамо Загреб и Адеми шокирани во Будимпешта и нема да играат во ЛШ
Македонскиот репрезентативец Аријан Адеми и неговиот Динамо Загреб се елиминирани во третото квалификациско коло за пласман во Лигата на шампионите.
Хрватскиот шампион е поразен од Ференцварош со 2:1,а Адеми кој е капитен на Динамо го одигра целиот натпревар.
Унгарскиот шампион поведе уште во втората минута преку Ловренчич, а Динамо израмни во 23. минута и тоа благодарение на Мирто Узуни. За киксот од првиот дел, Узуни се извади во второто полувреме кога во 65. минута го постигна одлучувачкиот гол за триумф на Ференцварош.
Противник на Ференцварош во плеј-офот за групната фаза во ЛШ ќе биде Молде по подобро извесување на пенали го совлада Карабак.
Макаби Тел Авив благодарение на голот на Ден Бритон од пенал оствари минимален триумф над Динамо Брест и во наредната рунда го очекува тежок дуел против австрискиот шампион Салцбург.
Митјиланд со убедливи 3:0 беше поуспешен од Јанг Бојс и си обезбеди дуел со Славија Прага за пласман во групната фаза од ЛШ.