Дин Аломеровиќ повторно ќе го носи дресот на Работнички

Игра на левата бековска позиција, но се снаоѓа и како офанзивен играч/Фото: fkrabotnicki.com

Работнички доведе уште едно ново засилување во редовите на Работнички, Дин Аломеровиќ, кој вторпат во кариерата ќе го носи дресот на скопскиот клуб.

Претходно настапуваше во редовите на Реал Баломпедика од Шпанија. Игра на левата бековска позиција, а може добро да се снајде и како офанзивен играч по левата страна.

Тој во нашата земја ги бранеше уште боите на Вардар, Македонија ЃП и за Еуромилк.

24-годишниот Аломеровиќ воедно е и поранешен младински репрезентативец на Македонија.

Претходно „романтичарите“ го ангажираа и Бразилецот Рафаел Гоес да Силва кој треба да ја засили конкуренцијата во средниот ред.

Работнички после три кола во Првата лига е на шестата позициа, а четвртиот настап сезонава ќе го има в недела на арената „Тодор Проески“ против Тиквеш од 16.00 часот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот