Димитрова: Новите случаи со Ковид-19 во Штип веќе не се препознаваат по кластери

Во Штип покрај тоа што се појавуваат случаи од фабриките и нивни контакти, деновиве се бележат и позитивни случаи и од државни и општински институции, ги има по еден или неколку случаи, но не и поголеми групи, какошто беа фабричките кластери.

Нови 17 позитивни случаи на Ковид 19 во штипскиот регион. Директорката на Центарот за јавно здравје-Штип, Марија Димитрова вели дека новите случаи се контакти на веќе заразените. Токму поради ова епидемиолозите новите случаи не ги препознаваат веќе и по кластери.

– Нема веќе кластери и правила на ширењето на вирусот, новозразените се контакти и ги има од секаде. Ако до пред некое време ни беа познати фабричките кластери, сега вирусот се шири низ нивните контакти, вели Димитрова.

Во Штип покрај тоа што се појавуваат случаи од фабриките и нивни контакти, деновиве се бележат и позитивни случаи и од државни и општински институции, ги има по еден или неколку случаи, но не и поголеми групи, какошто беа фабричките кластери.

Во регионалниот Ковид центар во штипската Клиничка болница хопситализирани се 45 пациенти, од кои 40 позитивни, а петмина сомнителни случаи. Четворица пациенти се со висока температура и повремена кислородна поддршка. Веќе втори ден се сместуваат пациенти и во одделот за неврологија, а на помош на инфектолозите им доаѓаат и лекари интернисти, кардиолози и анестезиолози.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот