Фото: FC Bayern Basketball

Димитријевиќ меѓу најефикасните против Олденбург, Баерн како првопласиран во четвртфиналниот плејоф

Денеска во 34 коло од најсилното германско кошаркарско првенство екипата на Баерн на домашен терен со 77:67 го совлада Олденбург.

Македонскиот репрезентативец Ненад Димитријевиќ за скоро 26 минути игра на паркетот придонесе во победата со 15 поени, шест скокови и девет асистенции.

Поефикасен од нашиот плејмејкер во неговиот тим беше само Габриел со 16 поени (девет скокови).

На спротивната страна прв стрелец беше Клемонс со 20 поени, а Такер реализираше 13.

Баерн како првопласиран со 58 бодови во регуларниот дел од шампионатот оди во четвртфиналниот плејоф.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот