Димитријевиќ болен, мечот на УНИКС Казан во ВТБ лигата одложен

FOTO Facebook@БК УНИКС (Казань) / BC UNICS (Kazan)

Македонскиот интернационалец со уште двајца соиграчи се разболе, па лигата го одложи мечот на неговиот УНИКС Казан со Локомотив

Актуелниот шампион на руската ВТБ лига, македонскиот интернационалец Ненад Димитријевиќ, заедно со двајца соиграчи од УНИКС Казан е болен и затоа мечот од второто коло на првенството, против Нижни Новгород, што беше закажан за денеска, е одложен.

– Прво еден од тренерите се разболе. Тоа е Ѓорѓе Варагиќ. Понатаму излезе дека и Маркос Најт, Ненад Димитријевиќ и Дмитри Кулагин се разболеа… Потоа, Комолов и Лазарев ни се повредени. Лигата излезе во пресрет и го одложи мечот. Штета. Во подем сме… – изјави меѓу другото Евгениј Богачев, претседателот на УНИКС.

Во текстот на рускиот веб-сајт „Чемпионат“ не се објаснува за каква болест станува збор.

Минатата сезона Димитријевиќ беше МВП на лигата, а УНИКС ја освои титулата. Сезонава тимот од Казан одлично стартува, со победа над Локомотов Кубан 91-73 во првото коло, а Димитријевиќ беше најдобар на теренот со 22 поени и 7 асистенции.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот