Димитриевски: На потег е ОЈО да се произнесе со пријавата, казната од 20 евра да се замени со општествено-корисна работа

Кумановскиот градоначалник Максим Димитриевски верува дека казната за граѓаните кои не ги почитуваат мерките, треба да се замени со општествено-корисна работа. Наместо казни, потребна е едукација изјави Димитриевси во „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“.

-Побаравме од Владата наместо мерката за казнување од 20 евра, во овој тежок социо-економски период да ја замениме со општествено корисна работа. Сметам дека секоја мерка која се воведува не треба да удира по џебот на граѓаните. Ако им наметнуваме на граѓаните да носат маска, треба секому да доделиме и бесплатни маски. Ние доделивме од општината 40.000 маски, дополнително добивме околу 35 000 и од државата но тоа се маски за еднократна употреба. Многу е лесно да удрите по џебот на граѓанинот, а потешко да му ги создадите условите. Затоа треба опомени и општествно корисна работа. Нашите граѓани се покажаа лојални кон мерките откога се воведени, изјави Димитриевски.

Воедно тој смета и дека не треба да се намали движењето, туку да се носат маски и да се почитува дистанцата.

-Сметам дека граѓаните треба да земат здив, но да не се опуштаат. Ако може една Германија без поригорозни мерки да ја поминува епидемијата тогаш можеме и ние. Само треба едукација и опомени, потенцираше кумановскиот градоначалник.

Во однос на неговиот спор со властите кој стана се поактуелен изминатиов период поради тоа дали тој ги почитувал протоколите или не, кумановскиот градоначалник вели, времето ќе покаже дека се работи за монтажа и сценарио, но дека во моментов им верува на институциите.

-Очекувам да бидам запознаен. Нека им служи на чест на сите кои беа дел од тоа сценарио, а одговорите за тоа после оваа криза, јас верувам во институциите. Мој приоритет се граѓаните на Куманово, викендов да организираме концерти на отворено и да им олесниме малку во секојдневието, изјави Димитриевски.

Тој информираше дека бројките од кумановската епидемиолошка служба покажуваат драстичен пад на заразени, но смета дека во предупредувачка зона се соседните општини.

Максим Димитриевски упати критики кон повратниците во неговиот град и кон државата дека на почетокот не ја сфатиле сериозно ситуацијата и затоа во Куманово дојде до ширење на корона вирусот до посериозни размери.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот