Диета со пилешко месо, брза, ефикасна и вкусна

Основна намирница во пилешката диета е претпоставувате веќе, пилешкото месо.

Диетата се држи 7- до 14 дена, а со неа ќе загубите 5 до 7 килограми. Предноста на оваа диета е и во тоа што е добар елиминатор на целулитот и масните наслаги околу стомакот.

Дозволени намирници кои треба да преовладуваат во дневното диетно мени се – пилешко месо, пилешки колбаси, чиста пилешка салама, месо од мисирка, пилешки џигерчиња, интегрален леб (по 1 тост дневно за појадок), зелена салата, јајца, кромид, краставица, брокули, домат, диетен маргарин (1 кафена лажичка) и нискокалорично овошје.

Големата доза на протеини во оваа диета е гаранција дека нема да почувствувате глад.

Еве како треба да изгледа дневното мени.

Појадок – 1 парче интегрален леб намачкано со половина лажичка диетален маргарин.  2 варени јајца. 50 грама пилешки колбаси/виршли. 1 чаша сок од цеден портокал или лимон (без додаток на шеќер). 1 филџан кафе без шеќер.

Ужина – 1 јаболко, портокал или киви.

Ручек – Половина печено (на грил) пиле (остранете ја кожата). Чинија салата од краставици и домати (половина главица кромид или млад кромид, по желба).

Пилето може да го прелиете со малку маслиново масло, путер и сок од лимон.

Вечера – Порција пилешки џигерчиња со зелена салата со ротквици и кромид, или 1 парче интегрален леб со половина лажичка маргарин и пилешка салама, плус 1 варено јајце.

Доколку почувствувате глад во меѓуоброците земете 1 јаболко, киви или портокал, или чинија пилешка бистра супа.

Предложеното дневно мени содржи околу 1.000 калории.

Уште неколку предлози за ручек/вечера при држење на пилешката диета:

-Пилешко со варен зеленчук или зеленчук на грил. (компирот не е дозволен)

-Пилешко со тиквички

-Зелена салата со пилешко месо

-Пилешка супа (без тестенини)

-Пилешко со брокула и печурки

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот