Дибиров верен на Вардар: „Еден живот, една љубов“!

фото: инстаграм

Руското лево крило на својот Инстаграм профил потврди дека и во 2021 година ќе биде дел од македонскиот, регионален и европски ракометен шампион…

Како што е веќе познато, Тимур Дибиров, заедно со Стојанче Стоилов и Кристијан Дисингер остануваат во „црвено-црниот“ дрес.

Руското лево крило на својот Инстаграм профил потврди дека и во 2021 година ќе биде дел од македонскиот, регионален и европски ракометен шампион Вардар.

Кратко и јасно Дибиров се огласи преку оваа социјална мрежа: „Еден живот, една љубов“.

Од 2013 е верен на клубот со кој успеа двапати во 2017 и 2019 година да ја освои титулата во Лигата на шампионите.

На 30 јули годинава ќе наполи 37 години, а претходно во својата кариера настапуваше уште за екипата на Чеховски Медведи.

View this post on Instagram

?⚫️♾✔️#2021 #edenzivotednaljubov

A post shared by Timur Dibirov (@timurdibirov31) on

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот