Дибиров: Секогаш правиме вакви пресврти

фото: СЕХА ЛИГА/Anze Malovrh / kolektiff

Вардарци обезбедија ново финале во СЕХА лигата откако во драматична завршница успеа да го победи хрватскиот ППД Загреб со 30:29 по подобро изведување на седмерци.

Вардарци се наоѓаа на работ на бездната бидејќи на 11. минути до крајот губеа со шест гола (17:23), но исто како и во сега легендарното полуфинале на фајналфорот во Келн од 2019 година кога против Барселона имаа негатива и од осум гола, на крајот најдоа сили да се вратат во игра и да победат.

– Веќе 100 пати кажувам дека имаме карактер. Не знам од каде, но добивме некоја сила во последните десет минути. Секогаш правиме вакви пресврти и со такви мисли влеговме и во завршницата на овој меч. Најважно е дека сме во финале и ќе го браниме трофејот во СЕХА – изјави крилото на Вардар, Тимур Дибиров.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот