Џонсон побарал од Трамп укинување на царини за шкотското виски – Слободен печат
ВестиПланета

Џонсон побарал од Трамп укинување на царини за шкотското виски

Џонсон го побарал тоа од Трамп во телефонски разговор во кој го повикал и да не наметнува царини за автомобили.

Британскиот премиер Борис Џонсон го повика американскиот претседател Доналд Трамп да ги укине новите царини на стоките, вклучително и за шкотското виски, изјави портпаролот на британската влада.

Џонсон го побарал тоа од Трамп во телефонски разговор во кој го повикал и да не наметнува царини за автомобили.

„Двајцата лидери ја потврдија својата заложба за зајакнување на специјалниот однос со силен билатерален договор за слободна трговија, откако Велика Британија ќе ја напушти ЕУ. Претседателот исто така ја истакна потребата сојузниците на НАТО силно да ја финансираат својата одбрана”, се вели во соопштението на Белата куќа.

Минатиот месец САД воведоа нови царини од 25 проценти на шкотско виски и други европски производи, а администрацијата на Трамп најави воведување дополнителни 25 проценти царини за автомобили и за авто делови.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close