Џејн Фонда секој ден докажува дека за неа годините се само број: Актерката со фигура на која можат да ѝ позавидат и многу помладите колешки! (ВИДЕО)
Шармантната актерка Џејн Фонда иако зачекори во 9-та деценија, ги воодушеви сите со својот изглед, но никој не би ни помислил дека има толку години.
Таа своето тело и дух ги оддржува со правилен начин на исхрана, но и со тренингот во својот дом кој никогаш не го пропушта.
Таа со своите обожаватели на друштвените мрежи сподели домашно видео и вежби кои неа ѝ помагаат.
За нејзиниот млад дух говори и фактот дека таа е активна и на социјалната платформа Тик-Ток, која ги преокупира младите генерации со интересни клипови додека се во карантин.