Млада жена вакцинирана во Србија со АстраЗенека примена во болница со тромботична реакција
Млада жена на возраст од 28 години е примена во болница со тромботична реакција после примање на вакцината на АстраЗенека, соопшти денеска министерот за здравство.
Според министерот Венко Филипче таа ја примила вакцината во Србија пред 6 или 7 дена.
Поради случајот денеска ќе има состаноци во МАЛМЕД за безбедноста на вакцината на АстраЗенека, но таа засега во Македонија нема да се дава на лица под 60 години додека не се контактираат германското министерство за здравство и Европската агенција за лекови (ЕМА).
Македонските здравствени власти сакаат да се сигурни дека овие ретки тромботични реакции не се пречка за администрација на АстраЗенека кај помладите.
Министерот Филипче рече дека има од еден на 120 илјади до еден на милион вакцинирани што развива ваква реакција.