Детекција на витамин Д во „Биотек лабораторија“

Profimedia

„Биотек лабораторија“ претставува лабораторија опремена со најсовремена лабораториска опрема, регистрирана по светски стандарди, за дијагностика од областа на биохемија, микробиологија, имунологија, молекуларна дијагностика.

Сите испитувања во „Биотек лабораторија“ се изведуваат со највисок процент на прецизност и точност во работата. Стручниот тим на „Биотек лабораторија“ континуирано ги следи и ги применува сите новитети во развојот на лабораториската дијагностика и современа медицина. Според актуелната состојба, пандемијата со ковид-19, во нашата лабораторија се вршат испитувања со кои може точно да ја утврдите својата биохемиска, имунолошка, хематолошка состојба. Најновите испитувања за промените кај заболените од ковид-19 реферираат за низа биохемиски отстапувања кои се докажуваат со лабораториски анализи. Многу научници ширум светот, кои ги испитуваа биохемиските и витаминските промени при ова тешко заболување, советуваат контрола на витаминската состојба и биохемиските параметри.

Секојдневно слушаме колкаво е значењето на витаминот Д во борбата со ковид-19, дека хиповитаминозата (намaлено ниво на витамини во организмот) може да го влоши текот на ковид-19. Неспорно е дека витаминот Д игра улога во целото тело и има важна функција. Нивото на витамин Д се зголемува и опаѓа главно под влијание на сончевите зраци. Доколку кожата впива доволно УВ зраци, телото е во состојба самото да го произведува овој витамин. Голем недостиг oд витамин Д, при вредности од 12 нанограми на милилитар крв или уште помалку, води до тешки и болни деформации на коските. (рахитис, остеопороза, хиперпаратироидизам).

Витаминот Д, кој се синтетизира преку Сонцето или исхраната, прво не е биолошки активен. Следат извесни метаболички процеси пред биолошки активната форма на витаминот, познат како калцитриол. Многу органи имаат рецептори за предстепенот на калцитриол. Од него органите потоа самите создаваат калцитриол, кој се користи за безброј разновидни процеси во човековиот организам. Постојат многу укажувања дека различни непреносливи болести (висок крвен притисок, дијабетес, атеросклероза, метаболен синдром) се поврзани со ниско ниво на витамин Д. Таквите придружни заболувања, заедно со недостигот од витамин Д, кој многу често паралелно ги следи, го зголемуваат ризикот од тежок развој на ковид-19.

***„Биотек лабораторија“ преку најнова генерација на реагенси изработени на најсовремена апаратура, врши точна детекција на количеството на витамин Д во организмот. Покрај количината на витамин Д, во „Биотек лабораторија“ се испитува и ВДР-рецепторот изработена со Real Time PCR метод. Тоа е анализа која ја покажува способноста на организмот да апсорбира витамин Д, а воедно му помага на вашиот лекар да ја одреди правилната доза од овој витамин.

***Во најсовремената специјалистичка лабораторија, „Биотек лабораторија“, може да направите испитување на витаминот Д, ВДР-рецепторот и паратироидниот хормон (ПТХ), со што ќе добиете комплетна слика за состојбата на коскеното ткиво, како и информација за правилна суплементација со препарати на витамин Д и калциум. Пакетот витамин Д, ВДР-рецепторот и паратироидниот хормон (ПТХ) е препорачлив за сите возрасни групи, односно нема ограничување во однос на возраста.

***Покрај концентрацијата на витамин Д, во „Биотек лабораторија“ се изработуваат анализи со кои можете да го проверите и својот комплетен електролитен статус:
– Na (натриум); K (Kaлиум); Ca (Калциум јонизиран); Ca (Калциум вкупен); Cl (хлориди); Mg (Mагнезиум); P (Фосфор); Li (Литиум); Cu (Baкар); Zn (Цинк);
– Eлектролитен пакет (Натриум, Калиум, Калциум јонизиран, Калциум Вкупен, Хлориди)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот