Детаљ кој ја откри вистината: КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО НАСКОРО ЌЕ ДОБИЕ НОВ ЧЛЕН (ФОТО)

Експертите за британското кралско семејство се уверени дека војвотката Кејт Мидлтон е бремена, а тоа поточно го заклучија на денот кога нејзината ќерка Шарлот тргна во училиште.

Аранзаза Сантос Лопез, експерт за кралското семејство, истакнува дека Кејт секој пат пред да објави дека е бремена ја менувала фризурата, што секако го направи и сега. Имено, Кејт ја скрати и осветли косата, што го направи и минатите три пати.

Британците како уште еден знак кој укажува на нејзината бременост го наведоа и тоа што војвотката се ослободила од дел од кралските обврски кои ја очекувале во наредните месеци, а се шушка и дека тоа го направила и во претходните три бремености, поради силните мачнини.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот