Дескоска: Нема поместување на позициите за законот за јавно обвинителство

Фото: Слободен печат/ Драган Митрески

Министерката за правда Рената Дескоска изјави дека има неформални консултации меѓу работните групи на власта и опозицијата за законот за јавно обвинителство, но се уште нема официјална средба за надминување на разликите.

Дескоска потврди дека нема поместување на позициите и оти се уште постои недоразбирање со опозицијата за тоа што било разговарано за јавното обвинителството за организиран криминал и корупција на лидерската средба меѓи Зоран Заев и Христијан Мицкоски.

– За носење на законот потребни се 80 гласа, кои ги нема Владата во овој момент. Компромис кој ќе значи газење на стандардите и европски принципи и компромис за носење полош закон од постојниот не е нешто што ќе биде добро прифатено од Европската унија, рече Дескоска одговарајќи на новинарско прашање на прес-конференцијата по повод стапување во сила на Законот за бесплатна правна помош.

Премиерот Заев пред неколку дена во Њујорк изјави дека очекува власта и опозицијата да ги усогласат своите ставови и да го усвојат законот за јавно обвинителство пред средбата на Евроспкиот совет, и оти е подготвен за нова средба со Мицкоски за да се затвори ова прашање.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот