Десет илјади евра донација за Министерството за здравство

Независните маркетери на Lyconet (Лајконет) во државава донираа 10.000 евра од својата месечна заработка за потребите на Министерството за здравство и се солидаризираа со здравствените работници во борбата против коронавирусот.

-Средствата се префрлени на сметката на Министерството за здравство како своевидна поддршка на активностите кои се во насока на поефикасно и побрзо справување со епидемијата предизвикана од коронавирусот. Идејата e покрената и реализирана од страна на независните маркетери на Лајконет и со овој чекор, маркетерите ја изразуваат својата граѓанска одговорност, а се одлучија за овој хуман гест, бидејќи според нив, Министерството за здравство и борците во белите мантили се главниот столб од кои зависат животите на сите нас, соопшти денеска Лајконет.

Компанијата на сите здравствени работници да им посакува добро здравје и што побрзо справување со пандемијата на коронавирус, а на граѓаните во државава им порачува да останат дома и да ги следат препораките на надлежните институции.

Брендот Лаконет се занимава со мрежен маркетинг, основан е во 2014 година, а моментно брои повеќе од 1 000 активни независки маркетери само во нашата држава. Лајконет Македонија ДООЕЛ Скопје е членка на Лајконет Групацијата чие главно седиште се наоѓа во Виена, Австрија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот