Деркоски: Избирачкиот список никогаш нема да биде идеално чист

Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Деркоски упати апел – сите да ја преземат одговорноста и овој процес да помине во најдобар можен ред.

Делегација на Секретаријатот за европски прашања предводена од заменик – претседателот на Владата, задолжен за европски прашања, Бујар Османи, денеска се сретнса со делегација од Државната изборна комисија, предводена од нејзиниот претседател, Оливер Деркоски.

Директорот на ДИК, Оливер Дерковски, на денешната прес конференција даваше одговор на прашања за предвремените парламентарни избори на 12 април.

Деркоски упати апел – сите да ја преземат одговорноста и овој процес да помине во најдобар можен ред.

-Да се потрудиме никој да не каже дека изборите биле вакви или такви. Досега не сме имале случај на злупотреба на лични карти и се надевам дека нема ни за наредниот изборен процес. Што се однесува до избирачкиот список, тој е во ред, редовно се ажурира, но, никогаш нема да биде идеално чист. На него постојано се појавуваат нови лица. Во однос на примената на албанскиот јазик, се употребуваат не само тој, туку и други јазици. Треба да вработиме овластено лице-преведувач за да можеме да го имплементираме во системот тука- истакна Дерковски.

Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи денеска од седиштето на Државната изборна комисија упати порака до сите учесници на претстојните парламентарни избори за важноста од организирање на фер, демократски и слободни избори, имајќи предвид дека земјата треба да добие датум за почеток на преговори.

– Секогаш кога ќе дојдам на средба во ДИК велам дека овој пат треба да има фер и демократски избори, но овој пат навистина тоа така треба да биде- изјави Османи нагласувајќи дека на 26 март, на четвртиот ден од кампањата, е состанокот на Европскиот совет, а потоа следуваат и други состаноци поврзани со нашите евроинтеграции.

Средбата се одржа во просториите на Државната изборна комисија и е прва од серијата посети на вицепремиерот Османи на институциите задолжени за спроведување на изборите, со цел остварување на обврската за фер, слободни и компетитивни избори, како дел од европската агенда на државата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот