Денеска жрепка во Нион за осминафиналето во Лигата на шампионите

Очекуваме многу интересни парови во нокаут-фазата на патот до трофејот во ЛШ/Фото: EPA-EFE/TOLGA BOZOGLU

Денеска вo Нион (Швајцарија) од 12.00 часот ќе се одржи жрепката за осминафиналето во Лигата на шампионите.

Во првото коло од нокаут фазата не може да се сретнат екипи кои беа во иста група, како и екипи од иста земја.

Во групата на носители се: Ајакс, Баерн, Јувентус, Ливерпул, Лил, Манчестер сити, Манчестер јунајтед и Реал Мадрид.

Во групата на неносители се: Атлетико Мадрид, Бенфика, Челси, Интер, ПСЖ, Салцбург, Спортинг и Виљареал.

Јасно е дека ќе имаме исклучително интересни дуели во првата рунда од нокаут фазата. Жрепката во живо можете да ја следите на следниот линк ТУКА

Првите осминафинални натпревари се закажани за 15, 16, 22 и 23 февруари, додека реваншите ќе се играат на 8, 9, 15 и 16 март 2022 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот