Денеска се празнува Преподобен Теодор Сикеот

Место на неговото раѓање е селото Сикеа, заради што го нарекоа Сикеот. Уште како десетгодишно момче се предаваше на строг пост и сеноќна молитва, по примерот на старецот Стефан, којшто живееше во неговиот дом.

Неговата мајка, Марија, беше богата вдовица и сакаше својот син да го посвети на воената служба. Но, во сон ѝ се јави свети Георгиј и ја извести дека Теодор Му е наменет на служба не на земниот туку на небесниот Цар.

Свети Георгиј многупати му се јавуваше и на самиот Теодор или за да го поучи или за да го спаси од некоја опасност во којашто би западнал од злобните демони. Имаше и неколку виденија на Пресвета Богородица. Неговиот подвиг со суровоста ги надминуваше подвизите на сите живи подвижници на неговото време.

Телото си го измачуваше со жед и глад и со железни вериги и сеноќно стоење на молитва. Сè само за да ја врзе душата со љубовта кон Бога и да ја направи господарка над телото. На неговата љубов милостивиот Господ одговори со љубов. Му подари голема моќ над нечистите духови и над сите болести и маки човечки.

На сите страни се прочу како чудотворен исцелител. Заради големата чистота и духовност и против неговата волја беше избран за епископ Анастасиополски. На епископската служба помина единаесет години, а потоа Го измоли Бога да го ослободи од таа служба за повторно да му се посвети на својот омилен подвиг.

Потоа се врати во својот манастир, каде што на старост Му ја предаде својата душа на Господ заради Кого доброволно многу страдаше. Се упокои во почетокот на царувањето на царот Ираклиј, околу 613 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот