Дендиас: Грција ја поддржува европската перспектива на соседите под услов да се исполнат критериумите – Слободен печат
ВестиРегион

Дендиас: Грција ја поддржува европската перспектива на соседите под услов да се исполнат критериумите

На средбата на двајцата шефови на дипломатиите, според Дендиас, станало збор и за напуштањето на Велика Британија на унијата, за германско грчките односи и за продлабочување на билатералната соработка, но и за бегалското прашање.

Проширувањето на ЕУ и европската перспектива на земјите од Западен Балкан била една од темите за кои разговарале министрите за надворешни работи на Германија и Грција, Хајко Мас и Никос Дендиас на нивната денешна средба во Берлин, jави дописничката на МИА од Атина.

-Разговаравме и за прашањето за проширување на ЕУ со Западен Балкан. Мојата земја, најстарата земја- членка на ЕУ во Југоисточна Европа, отсекогаш ја поддржуваше европската перспектива на нашите соседи, се разбира под предусловот од кој нема отстапување, да се исполнат критериумите и условеноста- правилата, кои секако, важеа и важат за сите нас, рече Дендиас и додаде дека на неговиот германски колега му ја истакнал волјата на Грција да продолжи да игра улога на „столб на стабилноста и соработката во поширокиот регион”.

На средбата на двајцата шефови на дипломатиите, според Дендиас, станало збор и за напуштањето на Велика Британија на унијата, за германско грчките односи и за продлабочување на билатералната соработка, но и за бегалското прашање.

Министерот за надворешни работи на Грција рече дека брановите бегалци и мигранти „повторно зазедоа многу алармантни размери”.

-Особено го цениме конструктивниот став на Германија за ова прашање. Нашите ставови се совпаѓаат дека станува збора за глобален феномен и дека е потребен пристап во целина, како за причините, така и за последиците. И, се разбира, потребна е солидарност за оние држави кои се во првите редови на проблемот. Особено би сакал да ја истакнам важноста на целосното спроведување на Заедничката декларација ЕУ- Турција од март 2016 година, истакна шефот на грчката дипломатија.

Во однос на Турција, Дендиас рече дека и покрај јасните пораки од ЕУ, Анкара „продолжува грубо да го крши меѓународното право, суверенитетот и суверените права на Република Кипар”.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close