Демократскиот сојуз: Да се укине полицискиот час

Да се нормализираат спортските и културите активности согласно протоколите за социјална дистанца и другите заштитни мерки, се наведува во соопштението од Демократскиот сојуз.

Демократскиот сојуз (ДС) предлага да се укинат дел од мерките преземени за заштита од ковид-19. Од партијата апелираат до здравствените власти, мерките што ги предлагаат да бидат растоварени од какво било политичко влијание и да бидат донесени само врз основа на реални факти и податоци и експертски анализи и проценки.

„Прво, да се укине полицискиот час со што ќе се овозможи на граѓаните да го нормализираат животот, пред сѐ, поврзан со извршување на секојдневните фамилијарни и работни обврски. Второ, да се нормализира работата на здравствените установи, посебно од терцијалната заштита (клиники, институти и сл.), затоа што десетици илјади хронично болни се без соодветна здравствена заштита. Трето, да се нормализираат спортските и културите активности согласно протоколите за социјална дистанца и другите заштитни мерки“, се наведува во соопштението од Демократскиот сојуз.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот