Делумно отворено метрото и некои продавници во Хонг Конг

Метрото во Хонг Конг денеска е делумно отворено, а повеќето станици останаа затворени поради вчерашните протести.

Насилните протести ескалираа откако лидерката на кинеската територија Кери Лам по повеќе од 50 години воведе закон за вонредни ситуации од колонијално време, со кој се забранува носење маски за лице.

Операторот на метрото „МТР Корп” вчера соопшти дека мрежата, низ која дневно се превезуваат пет милиони патници, нема да работи, а затворени беа и некои трговски центри и супермаркети. Демонстрантите палеле огнови на станиците и во еден празен воз, при што се повредени двајца работници во метрото, додаде МТР.

Повеќето трговски центри, супермаркети и филијали на банки денеска повторно се отворени.

Насилството во Хонг Конг ескалираше во вторникот на 70-годишнината од Народна Република Кина, кога полицијата исука околу 1.800 плутони солзавец, 900 гумени куршуми и шест борбени куршуми, од кои едниот рани 18-годишно момче кое подоцна беше обвинето за предизвикување немири и напад врз полицаец.

Протестите во Хонг Конг почнаа поради контроверзниот закон со кој се дозволува екстрадиција на осомничени во Кина, каде, според противниците на законот, тие не би имале фер судење.

Протестите подоцна се проширија на барања за поголема демократија и помалку влијание од Пекинг врз внатрешните работи на автономната провинција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот