Дејвид Швимер ја откри вистината за продолжението на „Пријатели“: Еве кога ќе се снима новата епизода! (ВИДЕО)

profimedia

Бројни фанови на серијата „Пријатели“ никогаш не ја изгубија надежта дека нивните шест омилени ликови повторно ќе се соберат и ќе снимат продолжение на серијата.


Меѓутоа, ситуацијата со коронавирусот многу ги отежна работите, поради што многумина фанови останаа разочарани за одложувањето на продолжението.

профимедиа

По тој повод се огласи Дејвид Швимер, познат по улогата на Рос Гелер, па објасни за што точно се работи, пишуваат странските медиуми.

„Се надеваме дека продолжението ќе го снимиме во август. Поточно средината на август. Но, искрено ќе го направиме тоа кога се ќе биде сигурно поради моменталната ситуација. Секогаш постоеше недеж дека продолжението на шоуто ќе има жива публика, што целата работа ја прави уште покомплицирана моментално. Секако дека нема да ризикуваме нечие здравје поради работата на новите епизоди“, истакна тој, па додаде дека многу се радува што повторно ќе соработува и ќе се дружи со Лиса, Метју, Мет, Џенифер и Кортни.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот