Дејли Мејл: Парите од Лондон албанските нарко-босови ќе ги „перат“ во Албанија

Фото: Profimedia

Во Обединетото Кралство се зголемуваат предупредувањата за одлив на парите заработени од криминални активности, главно од албанските групи, јавија албанските медиуми.

Покрај нив, токму британскиот медиум „Дејли мејл” во напис известува за планот на албанската влада да спроведе фискална амнестија, со која граѓаните ќе можат да легализираат најмалку 2 милиони евра во готовина.

„Албанија ќе стане „рај за перење пари” за нарко-босовите со седиште во Велика Британија, според законите што им овозможуваат да скријат стотиците милиони стекнати од криминални активности. Националната агенција за сузбивање на криминалот, потврдува дека има зголемување на износите на финансиски средства кои се одлеваат од Британија во Албанија, наведува весникот.

Според претставник на оваа агенција, целта на албанските групи е „што поскоро да ги извлечат овие пари од Британија и на кој било начин да однесат во Албанија”.

Што се однесува до фискалната амнестија, албанскиот премиер Еди Рама категоричен е дека таа ќе се спроведе и покрај приговорите од Европската унија, чии претставници ги покани „внимателно да го следат процесот”. Според албанската влада, фискалната амнестија многупати се применувала во многу европски земји.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот