Дејан прво зборува со змиите, па ги лови: Овој човек спасил многу животи! (ФОТО)

Фото: РИНА

Кога ќе огрее сонцето и температурата помине преку 30 степени, многу домаќинства во Србија имаат непоканети гости. Во прашање се змиите кои често се гледаат таму, каде до сега ги немало – во подрумите на станбените згради во центарот на градот.

Ваква ситуација веќе неколку пати се случила во Чачак, а кога дежурните служби се немоќни, на помош исплашените граѓани го викаат Дејан Бисениќ. Тој веќе две децении на својствен начин комуницира со овие животни и така спасува стотина животи.

Фото: РИНА

– Примам повици и во два часот по полноќ и тогаш станувам и тргнувам. Никогаш не ми е тешко, бидејќи сум свесен дека повеќето луѓе имаат патолошки страв и при самата помисла на нив, а не кога ќе видат во својата куќа. Сите прво ги советувам да се одалечат од змијата и по никоја цена да не ја допираат. Тие никогаш не напаѓаат први, освен само ако се загрозени. Не носам алат, туку на мој начин им кажувам тоа што им кажувам, тие се појавуваат, јас ги собирам со голи раце и ги враќам повторно во нивната природна средина. Тогаш се сите безбедни – открил Дејан.

Ваква несекојдневна вештина, во Србија ја поседуваат многу малку луѓе, се пренесува од колено на колено, а таков бил случајот и со овој човек.

Кога имал 20 години, неговата баба му ја открила оваа тајна, а Дејан како млад човек не бил воодушевен дека има моќ да комуницира со змиите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот