„Deep Nostalgia“: Нова технологија претвора стари фотографии во анимација

Instagram
принтскрин

Интернет сајтот „MyHeritage“, кој се занимава со потеклото и генеалогијата, разви специјална алатка наречена „Deep Nostalgia“ која користи технологија на вештачка интелигенција за анимирање на стари фотографии.

Оваа технологија овозможува да „оживеете“ некоја личност од минатото, барем екранот на вашиот компјутер.

Старите црно-бели фотографии со помош на оваа технологија сега ќе можете да ги видите во сосема друго светло. Софтверот ја поддржува можноста за анимрање на повеќе лица на една фотографија.

Кога ќе прикачите стара фотографија на платформата „MyHaritage“ и го активирате софтверот „Deep Nostalgia“, се создава анимација која се заснова на гестикулации и движења што претходно биле снимени на „жив“ модел и потоа биле вметнати во платформата.

Самите автори на оваа алатка велат дека нивниот изум може да ги подели луѓето на оние на кои екстремно ќе им се допадне и на оние кои ќе ја сметаат за целосно бизарна, пишува „Futurism“.

Како и да е, навистина е тешко да се остане рамнодушен на оваа можност. Сигурно на голем број луѓе низ светот ќе им биде мило да ја видат насмевката на нивниот прадедо или да видат некоја историска личност.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот