Децата со попреченост од Влае, отсега ќе има каде да играат

Инклузивното детско игралиште во Влае 2, до платото „Делфина” денеска беше и официјално пуштено во употреба. Станува збор за нова зона за рекреација на најмладите, а сите реквизити се прилагодени и за децата со попреченост.

За игралиштето потрошени се 50 илјади евра, обезбедени преку Министерството за локална самоуправа, Швајцарскатата агенција за соработка и развој и Општина Карпош, а имплементатор е Центарот за развој на Скопскиот плански регион.

На отворањето на игралиштето денеска присуствуваа министерот за локална самоуправа Горан Милевски, градоначалникот на Општина Карпош Стефан Богоев, градоначалникот на Гази Баба и претседател на Скопскиот планаски регион Борис Георгиевски и раководителот на Центарот за Скопскиот плански регион Љупчо Кец Мицковски.

Министерот Милевски информира дека со помош на швајцарската Влада обезбедиле и дополнителни 1,2 милиони швајцарски франци за нови проекти во сите осум плански региони.

Прочитајте и...  Македонски државјани се обиделе преку Бугарија да влезат во Грција, Евзони затворен без најава

– Секој плански регион реализира по еден проект, кој е утврден како приоритетен од самите граѓани, за што се обезбедени 850 илјади швајцарски франци, а секој плански регион доби грант чии износ е условен од степенот на развиеност. За најмалку развиениот, Североисточниот плански регион се обезбедени 145 илјади франци, а за најразвиениот, Скопскиот, 60 илјади швајцарски франци. Со средства се финансираат и иновативни проекти, кои беа избрани со активно учество на претставниците од цивилниот, образовниот и бизнис секторот, нагласи Милевски.

Тој додаде дека за овие проекти за 2019 година се распределени 311.841 швајцарски франци, а секој од осумте плански региони доби грант во висина од 39 илјади франци за реализација на одбраниот проект.

Прочитајте и...  Коалицијата „Сега е време" во повеќе населени места на Општина Желино

Градоначалникот Богоев информира дека инклузивното игралиште се протега на површина од 450 квадратни метри, а во околината е поставена и соодветна урбана опрема, клупи за седење и корпи за отпадоци, како и заштитна ограда. Дополнително, околу игралиштето е засадено и ново зеленило.

Георгиевски нагласи дека ова е прво игралиште, проект на Скопскиот палнски регион и додаде дека средствата се користат во правилна насока, овој проект го потврдува тоа. Ќе водат смета за сите општини во Скопскиот плански регион и за рамномерен регионален развој.

Ова игралиште, како што беше истакнато, ќе биде обезбедувано од посебно овластено лице, кое се грижи за овој дел од населбата.

Прочитај повеќе

Османи: Моето очекување е до октомври да биде прифатен финалниот текст за преговарачката рамка

Слободен печат

Орбан контра ЕУ: Од списокот на „безбедните“ држави дозволен е влез само за Србите

Слободен печат

Зафировски од МОРО: Додека не се донесе закон за најмала гарантирана исплатена саатнина, не сме ни приближно блиску до европските држави

Слободен печат

Трагедија во Мјанмар: Најмалку 110 рудари загинаа во свлечиште во рудник

Слободен печат

Тодороска од Демократи: Народот е сопственик на државата, политичарите се минливи

Слободен печат

Тепачка во маркет во Крагуевац: Купувачот не сакал да стави маска, вработениот не го пуштал внатре (ВИДЕО)

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Заев за изјавата дека ќе соберел „и шуто и рогато“: По два саати во кафана, се случуваат грешки

Слободен печат

Андоновиќ: Русија избра доживотен претседател и започна воени игри околу Атлантикот (ВИДЕО)

Слободен печат

Заев ја повика ВМРО-ДПМНЕ да престане да го омаловажува јазикот нарекувајќи го „северџански” и да ја поздрави преговарачката рамка

Слободен печат

Заев: Со отворањето на преговорите, почнуваме нова фаза од македонската европеизација (ВИДЕО)

Слободен печат

Над 100 колумбиски војници се под истрага заради сексуална злоупотреба на деца

Слободен печат

Новозаразеното лице од Кавадарци е син на претходно заболен од Ковид-19

Слободен печат