Дебрца ја доби првата битка во борбата против изградбата на регионална депонија кај Годивје

Општина Дебрца ја доби првата битка во активностите што ги спроведува против плановите за изградба на регионалната депонија за цврст отпад во атарот на селото Годивје.

Како што појаснува градоначалникот на општината Зоран Ногачески, добиено е позитивно решение по жалбата што општината ја поднесе против начинот на кој била донесена Студијата за оцена на влијанието врз животната средина за оспоруваната локација кај Годивје.

Ногачески во име на општината го оспорил проектот за „Воспоставување на систем за интегрирано управување со отпад вo Југозападниот плански регион”, во кој токму атарот на селото Годивје беше посочен како локација на регионалната постројка за третман на цврст отпад.

Тој испратил жалбено барање до Државната комисија за одлучување во управна постапка, во кое посочува оти Студијата за оцена на влијанието врз животната средина и другата потребна документација од страна на ресорното Министерство за животна средина и просторно планирање се донесени во нетранспарентна постапка, без да се земат во предвид мислењета на засегнатите страни и со непочитување на одредбите на Законот за животната средина.

Прочитајте и...  Кастанер ветува казна за „секоја грешка" или расистички збор во француската полиција

Комисијата за одлучување во управна постапка го уважило жалбеното писмо, донела одлука за поништување на решението на МЖСПП и предметот го враќа на повторно разгледување.

– Она што го тврдевме сега доби и правна потврда од надлежен државен орган. Борбата продолжува, е коментарот на градоначалникот на Дебрца по таквото решение.

Инаку, граѓаните на Дебрца се спротивставија на предлог-локацијата за изградба на депонија кај Годивје уште од самото презентирање на проектот, најавувајќи дека нема да дозволат изградба на депонија во еколошка чиста средина. Нивната решеност ја потврдија на референдумското изјаснување спроведено во октомври 2017 година заедно со локалните избори. На референдумот против изградба на депонија на нивна територија се изјаснија дури 87 отсто од оние граѓани на Дебрца што излегоа на гласање.

Прочитајте и...  Општина Карпош: Граѓаните да бидат спокојни, завршено е времето кога ДУП – овите се носеа на сила

Прочитај повеќе

ОЈО бара парична казна за 17 граѓани

МИА Агенција

МТСП: Петок, 5 јуни е неработен ден за сите граѓани

МИА Агенција

Трамп: Eдинствената работа што Обама и јас имаме заедничко е дека двајцата имавме чест да го отпуштиме Матис

Слободен печат

Тозија: Очекуваме рестартирање на целиот процес и нови големи светски успеси на македонската кинематографија (ВИДЕО)

Слободен печат

Тереза Меј го обвини Џонсон: Сака да ја затвори Британија од остатокот од светот (ВИДЕО)

Слободен печат

Напад со нож во основно училиште во Кина: Повредени се 37 деца и неколку возрасни

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Матис: Трамп е првиот претседател кој не се обидува да ги обедини американските граѓани

Слободен печат

Ново светло на смртта на Афроамериканецот: Флојд бил позитивен на коронавирусот

Слободен печат

Д-р Беќаровски: Прес-конференција во Инфективната клиника за народот конечно да сфати дека сме во војна со невидлив непријател, јавен апел до Османи, Села и Таравари (ВИДЕО)

Слободен печат

Абази: Тачи е криминалец и лажго

Слободен печат

Стравот од коронавирусот се измеша со стравот од изборите

Болсонаро поставил генерал за нов министер за здравство

Слободен печат