Дебрани и жители од Пешкопеја физички се пресметувале во центарот на Дебар

Двајца жители на Дебар и двајца на соседниот албански град Пешкопеја нешто по полноќ физички се пресметувале во центарот на Дебар,нарушувајќи го јавниот ред и мир.

– Денеска во 00:10 часот, пред угостителски објект лоциран на улицата „8 Септември” во Дебар, нарушен е јавниот ред и мир со вербална расправија меѓу двајца дебрани и двајца жители на Пешкопеја, Република Албанија. Расправијата преминала во физичка пресметка помеѓу Д.З.(29) и С.Л.(29), двајцата од Пешкопеја, од една, и С.Ц.(26) и И.М.(26), двајцата од Дебар, од друга страна, изјави Стефан Димоски, портпарол на Секторот за внатрешни работи од Охрид.

Додаде дека против четворицата ќе биде поднесена соодветна пријава.

Димоски информираше и во врска со непочитувањето на мерката носење лична заштита на лицето заради спречување на ширење на заразната болест Ковид-19.

Прочитајте и...  Девојка од Велес пријавила дека два пати била силувана

Според него, во изминатото деноноќие, на подрачјето кое го покрива дебарското одделението за внатрешни работи, полициските службеници констатирале осум прекрошоци, за што им се издадени прекршочни платни налози.

Прочитај повеќе

Татко и син зад решетки, одгледувале марихуана во својата викендичка (ВИДЕО)

Дрога и муниција пронајдени во дом на скопјанец, ОЈО бара притвор

Слободен печат

Кумановец ја нападнал девојката во кафуле

Девојка нападната од 32-годишен маж во Велес

Слободен печат

Девојка од Велес пријавила дека два пати била силувана

Слободен печат

Обид за грабеж во домот на докторот Вело Марковски

Лука Андреев

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Турски државјанин преку мобилен телефон украл 11.000 евра

Слободен печат

Полицијата пронајде 65 стебла канабис во Демир Капија, приведени се две лица

Слободен печат

Турски државјанин фалсификувал пасош за да си го продолжи престојот во државава

Слободен печат

Притвор за дрвокрадците од Прилеп

Слободен печат

Шестгодишно дете почина од струен удар

Слободен печат

Македонец баран со меѓународна потерница е уапсен на Ќафасан

Слободен печат