Дебата за Кисела Вода: Темелковски најави катна гаража во Рампа, за Ѓорѓиевски приоритети се канализација и Расадник

Кандидатите за градоначалници на Кисела Вода Темелковски и Ѓорѓиевски во дебата на ТВ Канал 5 / 6 октомври 2021 / фото: принтскрин

Кандидатите за градоначалници на општина Кисела Вода од СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, Филип Темелковски и Орце Ѓорѓиевски, вечерва ги соочија своите планови за развој на општината во дебата на телевизијата Канал 5.

Актуелниот градоначалник Темелковски рече дека „општината и понатаму ќе остане отоврена кон жителите како и досега“.

Реплицирајќи му на својот противкандидат, Темелковски рече дека тој воопшто не е запознаен со работата на општината.

„Знам дека сакате да бидете на моето место, но тоа нема да се случи. Очигледно не ги познавате доволно работите .Дојдете во општината за да видите како стојат проектите,“ рече Темелковски.

Тој напомена дека, доколку ја добие довербата на жителите на Кисела Вода, неговиот план за наредните години предвидува подобра бизнис клима, отворена општина, целосна дигитализација на општината, како и изградба на катна гаража кај Рампа, со место за паркинг на велосипеди.

Ѓорѓиевски, пак, рече дека „ситуацијата во која беше Кисела Вода во 2017 и сега е различна, се стагнира, а се оди и назад во општината“.

„Во 21 век нашите сограѓани немаат фекална канализација, во Расадник нема паргинг место, улиците се со кал. Моите сограѓани немаат основни услови за живот. Секој ден добивам сѐ поголема поддршка и со мојот тим ќе ја смениме сликата во општината“, најави тој.

Ѓорѓиевски посочи дека гасификација на општината нема, нова градинка нема, како и низа на други работи кои беа ветени, а не се реализирани од актуелниот градоначалник.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот