Дебар доби нова пратка од 200 дози вакцина од Синофарм, активни на Ковид-19 пет лица

Дебар, Фото: МИА

Попладнево во Општата болница со проширена дејност во Дебар,  пристигна нова пратка со 200 дози вакцини од Синофарм, потврди за МИА, Баки Алили директор на болницата.

-Со оваа пратка вакцини во текот на наредните два дена, значи утре и задутре, ќе бидат имунизирани толкав број граѓани од општините Дебар и Центар Жупа. Сакам да најавам дека во петок очекуваме нова пратка од 300 дози од вакцината на Астра Зенека. Инаку, денеска потрошивме 150 вакцини од Синофарм, со што вкупно во нашиот вакцинален пункт се вакцинирани 650 лица од двете општини, додава Алили.

Во оваа установа до сега пристигнати се 850 вакцини, од нив 200 од Астра Зенека, останатите од Синофарм.

Како што непречено се одвива процесот на имунизација, во двете општини, според надлежните, така кон речиси целосна стабилизација оди состојбата со Ковид-19

Шести ден по ред нема нов случај на заразени, додека активни на болеста се само пет ковид пациенти, при што четворица болнички се третираат во Ковид-центарот при инфективното одделение во дебарската болница, од нив двајца на кислородна подршка. Во списокот на оздравени се внесени 19 лица.

Од почетокот на пандемијата на ова подрачје вкупната бројка на заразени е 938, оздравеле 890, додека битката со опасниот вирус ја изгубиле 43 лица.

Во однос на почитувањето на мерката за носење заштитна маска на лицето, во последното деноноќие полициските службеници констатирале два прекршока или овој месец вкупно 44 и ним им се издадени прекршочни платни налози. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот