Дебаклот од Египет е вториот најголем во историјата на Македонија на ЕП и СП

epa08942344 Hassan Kaddah (R) of Egypt in action against Martin Tomovski (C) of North Macedonia during the match between Egypt and North Macedonia at the 27th Men's Handball World Championship in Cairo, Egypt on 16 January 2021. EPA-EFE/Mohamed Abd El Ghany / POOL

Селекторот Данило Брестовац е директен сведок и на најубедливиот пораз на Македонија од Чешка на ЕП 1998 година и тоа како голман.

Ракометната репрезентација на Македонија вечерва доживеа дебакл губејќи со 38:19 од Египет во второто коло на Светското првенство кое се игра токму во земјата на „фараоните“.

Ракометарите по две кола имаат гол разлика од минус 31 по дуелите со Шведска и со Египет, а поразот од домаќинот на Мундијалот е вториот најголем во историјата на репрезентацијата на големите натпреварувања.
Македонија на светската ракометна мапа се појави токму на Мундијалот во Египет 1999 година, и до денеска најубедливиот пораз на Светските првенства го претрпе токму пред 22 години.

Македонија тогаш загуби од Куба со 14 гола разлика 18:32 и тоа беше најубедлив пораз на Мундијалите.
Но, најубедливиот пораз, ракометарите на големо натпреварување го забележаа една година порано (1998) кога дебитираа на Европското првенство во Италија. Македонија тогаш во последното коло загуби од Чешка со 38:18, а интересно е што актуелниот селектор Данило Брестовац беше актер и на тој пораз. Тогаш Брестовац заедно со Шандор Ходик беа голмани на репрезентацијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот