Дебакл на Панатинаикос во Милано, Црвена звезда немоќна пред своите гледачи

Барселона го преживеа жешкото гостување во Белград/ фото: EPA-EFE/ANDREJ CUKIC

Кошаркарите на Олимпија Милано со 75:54 го совладаа Панатинаикос во 15 коло од Евролигата. Италијанскиот тим сега е трет на табелата со скор 10-5, додека Панатинаикос е претпоследен со 4-11.
Грчкиот тим имаше сили само за првото полувреме кое го загуби со само четири поени (33:29). Победникот беше одлучен со неверојатната серија од 16:0 на Олимпија која започна во финишот од втората и траеше до 25 минута (45:29). Предводник на Олимпија беше Девон Хал со 19 поени, додека кај Панатинаикос, Дерил Мејкон даде 14 поени.

Убедлив триумф оствари и Реал Мадрид кој со 87:64 ја победи Алба Берлин. Дилемите околу победникот беа решени уште во првото полувреме кое „кралевите“ го добија со 43:26 и во вториот дел рутински ја одржуваше предноста. Таварес со 17 поени го предводеше Реал Мадрид, додека Тиман со 11 поени беше најпрецизен кај германскиот тим.

Лидерот на табелата, Барселона го преживеа гостувањето во Белград и со 69:76 ја совлада Црвена звезда. Клучна за победата беше третата четвртина која Барселона ја доби со 18:27. Хејс со 14 поени беше најзабележителен кај Барселона, додека Калиниќ и Митровиќ дадоа по 15 поени за Црвена звезда.

Сигурен настап на домашен терен имаа и двата турски тима, Анадолу Ефес со 87:72 ја победи Басконија, додека Фенербахче со 90:79 го совлада Макаби Тел Авив.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот