Дебакл на Хјустон пред НБА плеј-офот! (ВИДЕО)

фото: твитер

Кошаркарите на Хјустон рокетс убедливо се поразени од Филадефија сиксерс со резултат 134:96.

Кај рокетси не помогна ниту одличниот Џејмс Харден кој со 27 поени, 10 асистенции и три скока беше најефикасен на натпреварот. Ова е трет пораз по ред за играчите на Мајк Д`Антони пред плеј-офот и дуелот со Оклахома сити тандер.

Сиксерси на овој меч водеше од почетокот до крајот и така заслужено славеше и ја прекина лошата низа од три порази пред доигрувањето.

Прв стрелец во нивните редови беше Тобајас Херис, кој постигна 18 поени и имаше седум скокови. Го следеа Алек Буркс со 17 поени, односно Нето и Џоел Ембид со по 14. Филаделфија во плеј-офот ќе игра против Бостон селтикс.

НБА, резултати –

Торонто репторс-Денвер нагетс 117:109
Индијана пејсерс-Мајами хит 109:102
Лос Анџелес клиперс-Оклахома сити тандер 107:103
Хјустон рокетс-Филаделфија сиксерс 96:134

Познати се скоро сите парови во плеј-офот, останува да се види кој ќе биде ривалот на Лос Анџелес лејкерс, денеска по македонско време (20.30 часот) во директен дуел ќе се соочат Портланд трејл блејзерс и Мемфис гризлис.

Двојки, НБА плеј-оф
Источна конференција, 1 рунда

Милвоки-Орландо
Индијана-Мајами

Бостон-Филаделфија
Торонто-Бруклин

Западна конференција, 1 рунда

ЛА Лејкерс-Портланд/Мемфис
Хјустон-Оклахома

Денвер-Јута
ЛА Клиперс-Далас

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот