Де Лука повторно „експлодира“: Дали си глупав или си будала? Постои некој на кого чавката му го испила мозокот!

Гувернерот на италијанскиот регион Кампанија Винченцо Де Лука, чија популарност деновиве значително се зголеми поради неговите оригинални обраќања кон жителите од регионот за тоа како да се однесуваат за време на епидемијата на коронавирус, „во живо” на Фејсбук ја објаснуваше „Фазата 2″ и повторно го покажа својот темперамент.

На писмо во кое жител на Кампанија се жали дека во Фазата 2 вообичаениот ноќен живот нема да може да се врати, тој прво повтори дека во втората фаза сите ќе мора строго да се придржуваат кон мерките за забрана, пред се за растојанието од најмалку еден метар, и потврди дека нема да има враќање на состојбата од пред три месеци, а потоа „експлодира”.

– Дали си глупав или си будала? Постои некој на кого чавката му го испила мозокот и кој не сфати до крај дека Фазата 2 е враќање, не во состојба од пред 3 месеци, туку состојба на претпазливост и заштита од ризик од повторно ширење на заразата, напиша Де Лука.

Ве уверувам дека нема да губиме ниту една минута време, додаде тој, ако ситуацијата не е мирна, нема да слушаме никаков притисок.

– Ќе го направиме она што е потребно за да ги заштитиме животите на членовите на нашето семејство, рече гувернерот на Кампанија Винченцо Де Лука.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот