Де Лаурентис сакаше да го „избрка“ тренерот на Елиф Елмас!

Претходните денови се случуваа различни скандали во клубот на Наполи, а сето тоа започна после поразот од Рома.

Претседателот на „наполитанците“, Аурелио Де Лаурентис ја донесе одлуката за седумдневен карантин, но фудбалерите меѓу кои и македонскиот репрезентативец Елиф Елмас истиот го одбиле.

После дуелот од Лигата на шампионите против австрискиот Салцбург, играчите си заминаа дома, а потоа не сакаа да тренираат.

Дури вчера фудбалерите на Наполи одработија тренинг пред денешниот натпревар во рамките од 12. коло во Серија А на стадионот „Сан Паоло“ меѓу екипите на Наполи и Џенова на нашиот Горан Пандев (20.45 часот).

На тој тренинг присуствуваа и голем број на навивачи кои ги нарекоа фудбалерите како „платеници“. На удар се најде и тренерот Карло Анчелоти кој наводно даде дозвола играчите да го напуштат карантинот.

Поради тоа првиот човек на клубот, Де Лаурентис беше лут и незадоволен, па така подготвен да му врачи отказ на прославениот и искусен италијански тренер.

Но, како што пишува „Ла Гаѕета дело Спорт“ на крајот го спасија адвокатите на Наполи го спасија Анчелоти и му објаснија на Де Лаурентис дека без оглед на ситуацијата, ќе мора да му се плати голема отштета доколку одлучи тренерот да си замине.

Од друга страна, претседателот ја загуби довербата во тренерот и дека одредени играчи во составот го водат главниот збор.

После одиграни 11 кола Наполи се наоѓа дури на седмото место со 18 бодови, дури 11 помалку од водечкиот Јувентус и моментно „Скудетото“ е многу далеку.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот