Де Лаурентис: Елиф, добредојде во Наполи! (ФОТО) – Слободен печат
СпортФудбал

Де Лаурентис: Елиф, добредојде во Наполи! (ФОТО)

Претседателот на Наполи, Аурелио Де Лаурентис објави слика од потпишувањето на договорот на Елиф Елмас со италијанскиот вицешампион.

Оваа слика со Елиф Елмас ја сподели и Наполи на својот Твитер профил, а истото го направи и клубот на својот сајт.

И официјално Елмас е нов фудбалер на Наполи. Не се објавени деталите на сајтот, но клубот вели дека настапувал за Работнички (две сезони, девет голови во шампионатот и купот), а досега ги бранеше боите на Фенербахче каде што запиша четири погодоци. Дебитираше за А националниот тим на 17 години. Досега има 12 настапи во нашиот сениорски дрес, два гола против Летонија во квалификациите за ЕП 2020. Како што е веќе познато на 24 септември ќе наполни 20 години.

Tрансферот на нашиот играч од Фенербахче во Наполи е вреден 16 милиони евра плус три милиони евра како дополнителни бонуси во зависност од неговите настапи и успеси, со потпишан договор на пет години и според кој годишно ќе заработува 1.3 милион евра. Ова е рекорден трансфер во историјата на македонскиот фудбал, а ова е и рекорд на Фенербахче кога станува збор за продажба на млад играч за највисока сума досега.

Како што и се најавуваше на овој потпис присуствуваше и првиот човек на „наполитанците“, Де Лаурентис кој еве што напиша на својот Твитер профил: – Елиф, добредојде во Наполи –

Македонскиот репрезентативец успешно ги помина лекарските прегледи, пристигна во Димаро каде што се наоѓаат и неговите нови соиграчи. Елмас е третото летно засилување на Карло Анчелоти после Костас Манолас и Џовани Ди Лоренцо.

Во меѓувреме пристигнуваат и честитките од сите страни, меѓу нив поранешниот тимски колега од Работнички, Баже Илијоски, како и од селекторот на А македонската фудбалска репрезентација, Игор Ангеловски.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close