Давидовски во „невозможна мисија“ на Каталуња

Давидовски пред две трки на „Ред Бул Ринг“ во Австрија ги освои првите поени, а имаше големи очекувања и од трката на „Ошерслебен“ во Германија.

– Сакам да бидам самокритичен и да кажам дека поради сопствени грешки не успеав да освојам нови бодови во претходната трка, бидејќи стартував од 17 место и во првата трка го имав четвртото најдобро време од 1:33.194 (гледано од најбрзите кругови на сите возачи). Автомобилот беше одлично подготвен и успеав да покажам дека имам потенцијал, но за жал патеката е тесна и престигнувањата се мошне тешко изведливи. За разлика од ова, во Барселона очекувам да има повеќе можности за престигнување, но збунет сум од одлуката на организаторите да додадат дополнителни килограми за возилата на Хонда, кои и онака на оваа патека не беа меѓу фаворитите – рече Давидовски.

Согласно правилата, организаторите пред секоја трка соопштуваат БОП-параметри (Balance of Performance), со што се обидуваат да стимулираат некои екипи и автомобили, па така за Опел Корса е дозволено подигање на лимитот на моторот на 102,5%, додека на Хонда Сивик се додаваат 60 килограми од спецификацијата во Германија.

– Имаше големи реакции за ваквата одлука уште пред трката во Кина за светското првенство, но во случајов кај нас дополнително ќе се одрази поради свиокливата конфигурација на патеката во Барселона. На хартија, делува како невозможна мисија, но тука сме за да дадеме максимум од себе и да се обидиме позитивно да изненадиме додека сите не отпишуваат – додава Давидовски.

Со трката во Шпанија, првенство на ТЦР Европа влегува во својот финиш, бидејќи до крајот на сезоната останува уште настанот во Монца на 13 октомври.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот