Дамите во црвено СЕКОГАШ ПРИВЛЕКУВААТ ВНИМАНИЕ – а еве и зошто е тоа така

црвена облека

Кога жена носи црвена облека, сакала или не, ќе биде забележана каде и да се појави. Црвената облека ќе ги засени и лошата фризура и непогодената шминка.

Одамна ни е познато дека оваа боја е клучна во заведувањето и во оставањето впечаток, а сега тоа е и научно потврдено на Универзитетот во Рочестер. Според нивното истражување, без разлика дали е маж или жена, секој би реагирал со вртење по девојка во црвено.

Дел од мажите истакнале дека би вложиле повеќе труд за да освојат таква девојка, па дури и ако тоа значи да потрошат повеќе пари за нејзе.

Истражувањето вклучило и фотографија на која на истата девојка во фотошоп ѝ била менувана бојата на облеката и најмногу реакции добивала кога е во црвено.

Со ова се потврдува културолошкото и историското верување дека црвената боја е симбол на љубов, страст и плодност.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот