Дали сте забележале? Суптилни знаци дека вашиот пријател е потајно заљубен во вас

Фото: Pexels / Luiz Woellner Fotografia

Пријателствата со текот на времето можат да поттикнат посебно чувство на љубов и да ве поттикнат вас или некој друг да се заљубите. Експертите за љубов откриваат кои знаци укажуваат дека вашиот пријател е заљубен во вас, пишува „Дејли мејл“.

Неговите стапала се свртени кон вас

Кога сте во група со пријателите и колегите, внимавајте на неговите стапала. Според експертите за говор на телото, ако стапалата на вашиот пријател се директно свртени кон вас, тоа е знак дека тој е заинтересиран за вас и дека на некој начин ве привлекува. Многу е можно тој самиот да не е свесен за говорот на телото.

Ефект на огледало

Ако забележите дека вашиот пријател ги следи вашите движења и ги имитира, постои голема веројатност дека е интензивно фокусиран на вас. Таквото однесување често се нарекува „ефект на огледало“, бидејќи личноста буквално ги имитира вашите движења.

Тој често ве гледа

Ако вашиот пријател или колега често ве гледа или го фиксира погледот кога влегувате во собата, тоа исто така може да биде знак дека тој е особено заинтересиран за вас, иако и самиот не е свесен зошто.

Воздржаност

Ако вашиот пријател неодамна станал повлечен или непријатно му е околу вас, додека чувствувате дека се оддалечува од вас, тоа може да значи дека тој е свесен за својата заљубеност. Избегнувањето контакт со очите може да биде почесто кога тој е сигурен во своите чувства.

Се сеќава на деталите

Пријател кој е заљубен во вас ќе биде многу среќен да се присети на моменти од вашето заедничко минато, но со изненадувачки детали. На овој начин сака да покаже дека навистина забележал некои детали, кои навидум тогаш биле неважни.

Црвенило

Црвенилото на лицето кое се јавува кога е во ваше присуство е класичен феномен, кој укажува на непријатност и силни чувства, а особено е интересен бидејќи самите не можеме да го контролираме.

Тој се извинува

На крајот. можно е вашиот пријател да се извини за ситуација која ви се случила во минатото, кога ви рекол или направил нешто. Тоа значи дека сега тој почнува да размислува за вас на поинаков начин. Исто така, тоа е дел од личното созревање, но продлабочување на врската со вас.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот