Дали сите бебиња се раѓаат со сини очи и од што зависи тоа?

Фото: Negative Space

Очите на бебето може да ја променат бојата по раѓањето, а дали сите се раѓаат со иста боја на очите?

Очите на бебињата сè уште се развиваат кога ќе дојдат на свет. Во првите неколку месеци од животот, нивната острина на видот и перцепција на светлината ќе се променат, но што е со бојата? Често се повторува митот дека сите бебиња се раѓаат со сини очи, но вистината е дека бојата на очите зависи од генетиката и од пигментот наречен меланин.

Дали сите бебиња се раѓаат со сини очи?

Не, не се раѓаат сите бебиња со сини очи. Всушност, истражувањето покажало дека повеќе бебиња се раѓаат со кафеави очи отколку со сини.

Тестот за око на новороденчето (НЕСТ) открило дека, од примерок од 192 новороденчиња од различни студии, 63 отсто имале кафеави очи, додека само 20 отсто имале сини очи.

Бојата на очите на бебето при раѓањето е диктирана од генетиката, поради што поголема е веројатноста браќата и сестрите од синооките родители да имаат иста боја на очи, но истото важи и за зелената или кафеавата.

Според Светскиот атлас, Естонија и Финска се синооки престолнини во светот, со оваа боја на очи има 89 отсто од населението.

Дали очите на бебето ја менуваат бојата?

Во некои земји, многу бебиња се раѓаат со сини очи, но овој процент не се одразува кај возрасната популација. Тоа е затоа што бојата на очите на бебето може да продолжи да се менува до околу две години, пишува „Лајф саенс“ (Live Science).

Кога бебето се раѓа со сини очи кои подоцна стануваат зелени или кафеави, тоа е поврзано со тоа колку меланин се развива во делот од окото кој се нарекува ирис. Многу меланин создава кафеави очи, помалку зелени, а недостатокот на меланин е она што создава сини очи.

Зошто некои очи се сини?

Ништо во човечкото око не е природно сино, но луѓето без меланин во ирисот имаат сини очи. А, од каде доаѓа тоа? Сината боја на очите всушност е предизвикана од Тиндаловиот ефект, феномен сличен на визуелниот трик кој нè доведува до тоа небото да го перципираме како сино.

Ирисот се состои од два слоја на клетки: стромата на врвот и епителот под. Кај сините очи, стромата е проѕирен слој и содржи нула пигмент поради генетската мутација.

Кога е изложен на светлина, таа расфрла светлосни бранови. Сината е расфрлена повеќе од другите бои бидејќи патува како пократки бранови, правејќи ја сината најлесно рефлектирачка и правејќи ја повидлива.

Стромата во кафеавите очи содржи високи нивоа на кафеав до црн меланин, така што оваа е бојата што ја гледаме. За сивите очи, во прашање е сличен феномен како и за сините очи, само што стромата содржи повеќе колаген. Ова го прави слојот помалку транспарентен и ја пригушува сината.

Тиндаловиот ефект сè уште се појавува кај зелените очи. Меѓутоа, стромата содржи мали количини на меланин, поради што сината рефлексија изгледа со различна боја, пренесува „ИФЛ Саенс“ (IFL Science).

 

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот