Знаци кои укажуваат дека пиете премногу кафе – Слободен печат
ЗабаваМагазин

Знаци кои укажуваат дека пиете премногу кафе

Понекогаш пребрзото или силното чукање на срцето може да биде предизвикано од преголемо внесување на кафе и кофеин.

Дали пиете премногу кафе? Овие седум знаци можат да бидат показател за тоа дека сте внеле премногу кофеин во вашиот организам:

1. Се чувствувате анксиозно 
Стручњаците препорачуваат, личностите кои се анксиозни да избегнуваат кофеин. Премногу кофеин може да ги зголеми симптомите на анксиозност, а наводно го подигнува и нивото на стрес.

2. Ве боли желудникот
Повеќе истражувања покажале дека одредени состојки во кафето можат да предизвикаат лачење на желудочни киселини и доколку започнете да чувствувате болка, подобро е да престанете да консумирате кафе вооопшто.

3. Срцето ви чука забрзано
Понекогаш пребрзото или силното чукање на срцето може да биде предизвикано од преголемо внесување на кафе и кофеин, никотин, па дури и алкохол во организамот. Тоа во некои случаи може да доведе до вртоглавица или пак несвестица.

Фотографија: Profimedia

4. Имате дијареја
Кафето може да помогне со редовната столица, благодарение на нејзините лаксативни својства. Но повеќе од две до три шолји кафе дневно можат да предизвикаат дијареја.

5. Не можете да спиете
Несоницата може да укажува на преголемо внесување кофеин во организамот, бидејќи таа во нашиот систем останува и до пет часа.

6. Се тресете
Кофеинот го забрзува централниот нервен систем и тоа може да створи нервоза во телото.

7. Имате главоболки
Умерената количина на кафе ја ублажува главоболката, затоа и постои кофеин во некои таблети, но преголемата количина (5 шолји кафе), може да доведе до силни главоболки и чувство на замор.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close