Дали на светот му се заканува опасност од вируси од Марс?

Фото: Миа

Професорите од Универзитетот Станфорд предупредуваат дека вируси од Марс би можеле да го загрозат човештвото на Земјата, ако астронаутите не бидат внимателни.

Професорот од Универзтитетот Станфорд, Скот Хјубард апелира до НАСА и другите земји кои имаат  вселенски програми, добро да внимаваат на мисиите кои испраќаат луѓе на Марс. Бидејќи, како што предупредува тој, кога вонземјанските вируси ќе се „закачат“ на астронаутите и леталата, тие би можеле да го загрозат човештвото кога тие ќе се вратат на Земјата.

Тој истакнува дека здравствените протоколи и мерки мораат да се спроведат кога мисијата ќе се врати на Земјата и тоа да го третираат исто како во другите случаи, на познати вируси, особено Еболата.

– Леталата би морале да пројдат детално хемиско чистење и стерилизација, а примероците од Марс би морале да бидат третирани како да станува збор за Ебола, се додека не се докаже дека се безбедни, рекол професорот.

Кога ќе се вратат на нашата планета, продолжил Хјубард, астронаутите би морале веднаш да одат во карантин.

– Според моето мислење, но и мислењето на научната заедница, не е голема веројатноста дека камењата од Марс кои се стари милиони години, содржат во себе активен живот кој може да ја загрози Земјата. Но, секако примероците кои од Марс се носат на Земјата би морале да бидат добро заштитени и да се третираат како некој опасен вирус, се додека не се докаже дека се безбедни, истакнува тој.

Тој потсетува дека експедициите кои биле на Месечината, поминувале денови во карантин по враќањето на Земјата.

– Астронаутите од бродот „Аполо“ на пример, биле во карантин за да се утврди дека немаат никакви знаци на некоја болест. Кога било утврдено дека престојот на Месечината за нив не бил опасен, карантинот потоа веќе не се спроведуваше. Таква процедура треба да се спроведе и кога се во прашање мисиите на Црвената планета (Марс), додаде тој.

Според идејата на НАСА, која била претставена минатата година, луѓето би можеле да почнат да го посетуваат (и населуваат) Марс од 2035 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот