Дали корона кризата ќе ја промени „љубовта“ на Германците кон готовината?

Кризата предизвикана од пандемијата од Ковид – 19 изврши силно влијание врз навиките на Германците.

Парите се „крал“, а особено готовината. Ова е веќе долго време мото на германските потрошувачи и сопственици на мали претпријатија, но поради пандемијата предизвикана од корона вирусот тоа почна полека да се менува, пишува Крајстин Арнесон во својот текст објавен на „Би Би Си“.

Германија е позната по својата култура и технолошки иновации, но не е необично кафулињата и малите бизниси да примаат само готовина како начин на плаќање, што пак ги изненадува туристите.

Иако земјата има имплементирано системи за онлајн плаќање кои се доста популарни последниве неколку години, сепак и понатаму кешот е „крал“ за голем број сопственици и потрошувачи. Тоа особено се применува кај малите бизниси. Ваквата навика е во корените на културата за штедење.

Сепак од почетокот на пандемијата, плаќањето со готовина во Германија за прв пат не се поттикнува.

– Ковид – 19 веројатно го промени начинот на плаќање во Германија побрзо отколку било која друга технологија во минатото, вели генералниот менаџер на банката N26 која неодамна почна со работа во Берлин.

За голем број Германци користењето готовина не е затоа што овој начин се преферира, туку станува збор за културна вредност со која најголем дел од нив пораснале.

Готовината како национална вредност

Преферирањето готовина пред картичките лежи во тоа што Германците повеќе сакаат конкретни нешта отколку апстрактни, вели историчарот од Дортмунд, Роберт Мушала.

Таквата идеологија започна уште во 18. век, вели тој, кога Германците повеќе прифаќале опиплив резултат за извршената работа. Еден век подоцна, со се почестите расправии меѓу работниците и работодавачите, се охрабрува штедењето како добар начин за намалување на напнатоста во фабриките.

– Се зборувало дека оние што работат, штедат и имаат што да изгубат, па затоа нема да направат револуција, вели Мушала и додава дека вредностите на штедење кај Германците продолжиле низ периодите на економска нестабилност за време на двете светски војни. Банките се плашеле да воведуваат потрошувачки кредити од страв дека ќе ја уништат културата на штедење кај населението.

Кога картичките беа претставени во делови од Европа и САД, Германците и понатаму продолжија да тргуваат со готовина. Таквата навика остана до ден денес.

Промена на трендот

Во 2017 година студија на „Бундесбанк“ открила дека споро се променува ваквата навика, но и понатаму 88% од Германците сакале да продолжат да користат готовина во иднина. Просечен Германец во 2017 година во својот паричник носел околу 107 евра.

Истата таа студија покажала дека ваквиот тренд најмногу почнал да се менува кај младата популација која барала нови начини на плаќање, а најмала доверба во оваа промена имало старото население и сопствениците на мали бизниси. Навиката и стравот од следење била главните причини за таквото размислување.

Во 2018 година плаќањето со картички во дуќанитего надмина готовинското за прв пат во историјата на Германија. Сепак, плаќањето со готовина и понатаму доминира во малопродажбата со 76 % учество.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот